Кадиров објави видео на кое се смее и му се заканува на Зеленски: „Во неволја сте“
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави видео на социјалните мрежи на кое се смее на изјавата на украинската страна дека наводно руската армија се повлекува во правец на Северодонецк.
– Напротив, нашите денеска влегоа во индустриската зона, ја пробија првата одбрана… Нашите војници пристигнаа со чекани… Само што излеговме од возилото, убивме четири лица одеднаш. А другите побегнаа и викаа „Мамо! на руски – рече Кадиров.
Шефот на Чеченија вети „изненадување“ на украинската армија и му се обрати на Зеленски:
– Ве предупредувам последен пат! Кренете ги рацете и излезете на плоштадот со зборовите: „Не пукајте луѓе, се предавам! Во спротивно, вие сте во неволја – рече Кадиров.
Кадиров е сојузник на Кремљ кој редовно изразува силна поддршка за тримесечната инвазија на претседателот Владимир Путин на Украина и се позиционира како командант на чеченските паравоени единици распоредени во украинските жаришта.
Русија го префрли својот фокус на источна Украина откако беше одбиена од украинскиот главен град Киев во првиот месец од инвазијата. Најжестоките борби сега се водат околу Северодонецк, еден од последните градови во областа Луганск кој не е под руска контрола.
⚡️Ramzan Kadyrov: «You will see a real special operation the other day, from which these shaitans will run not only from cities but also from Ukraine». pic.twitter.com/dITVjPnXgd
— Flash (@Flash43191300) June 5, 2022