Коментари

Да го забраневте небото за прелети на НАТО кога го бомбардираа Белград како за Лавров, сега ќе бевме респектирана држава, реагира Апасиев

Првата реакција за одлуката да се затвори македонското небо за прелети на летови од Русија, а со тоа и за тамошниот министер Сергеј Лавров, доаѓа од лидерот на Леивца и пратеник Димитар Апасиев.

„Да го забраневте македонското небо за прелети на НАТО авионите кои го бомбардираа Белград, на ист начин како што го забранивте прелетот на рускиот министер Лавров за Србија – досега ќе бевме респектирана држава, а не вазална територија владејана од октроирани квислинзи. Окупациона власт“, напиша Апасиев.

Од Министерството за надворешни работи во Скопје потврдија дека Македонија го одбила барањето на Амбасадата на Руската Федерација за користење на воздушниот простор на земјата за летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој во понеделник, на 6 јуни, планира посета на Белград.

На почеток