Актуелно

„СДС најбесрамно го заштитија Џафери, кукавички е вака да се бега од одговорност!“, вели Крмов

Борислав Крмов, пратеник од Левица посочи дека Талат Џафери избегал од соочување за како што посочи, насилничкото однесување према службениците во Собранието.

„Очајниците за власт СДС најбесрамно го заштитија Талат Џафери, кој избега од соочување за неговото насилничко однесување према службениците! Ладно не си изгласаа дневен ред и расправата не се оддржа. Срамно и кукавички за еден претседател на Собранието вака да бега од одговорност. А на СДС задниците одамна им се дадени под кирија. Нема политичко дно кое не се подготвени да го допрат. Му висите на вратот на овој народ! Не можеме да дочекаме конечно да си заминете во историјата“, посочи Крмов.

(ВИДЕО) Џафери се спаси благодарение на пратениците од власта

На почеток