Наместо да оди во Србија, Лавров свика прес-конференција
Наместо да замине во Србија каде денеска требаше да биде во дводневна посета, шефот на руската дипломатија свика прес-конференција.
Прес-конференцијата ќе се одржи во 13 часот по московско време.
Да потсетиме, Црна Гора, Бугарија и Македонија го забранија преминувањето на авионот со Сергеј Лавров преку нејзиниот воздушен простор во Србија, каде што денеска требаше да пристигне рускиот министер за надворешни работи во дводневна посета. Како што сега стојат работите, се чини дека нема да има ништо од таа посета.
Тоа индиректно го потврди руски дипломат за Интерфакс, кој синоќа изјави дека „руската дипломатија се уште не ја совладала способноста за телепортирање“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во 10 часот е на средба за прашањето за посетата на Лавров со рускиот амбасадор во Србија, Александар Харченко, а во 19.30 часот најави јавно обраќање во дневниот весник на јавната телевизија.