Украинците: Нашата позиција во борбата за Северодонецк малку се влоши
„Позицијата на Украина е малку влошена во украинскиот град Северодонецк, но силите на Киев ги бранат своите позиции во индустриската зона додека се водат насилни борби“, изјави регионалниот гувернер Серхи Хајдаи.
Украинските сили се обидоа да ги задржат своите позиции откако рекоа дека повторно зазеле половина од опколениот град во областа Луганск, каде руските сили го концентрирале нападот на источниот дел на Донбас во Украина.
Најжестоките борби се водат во Северодонецк, а ситуацијата на теренот сега брзо се менува, изјави гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај за националната телевизија.
„Нашите бранители успеаја да извршат контранапад, тие ослободија речиси половина од градот. Но сега нашата ситуација повторно се влоши малку“, рече тој.