Македонија

Стојаноски: СДСМ покажа дека се само декор во коалицијата со ДУИ

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ смета дека денеска СДСМ покажа дека се само декор во владината коалиција која е контролирана од ДУИ.

„Без никаков срам гласаа против дневниот ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која имаше една точка на дневниот ред: Постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од страна на Талат Џафери. На овој начин му го “простија” недостоинственото, понижувачко и крајно вулгарно однесување на Талат Џафери. Ова е директен доказ дека СДСМ и Ковачевски се директно контролирани од ДУИ и Ахмети и не смеат да ги осудуваат ваквите постапки на ДУИ за да не ја загубат и така кревката владина коалиција. Македонија не смее да биде заложник на една каста политичари од ДУИ, затоа решението се брзи предвремени парламентарни избори, на кои ќе бидат развластени криминалните структури кои со години ја влечат Република Македонија надолу“, вели Стојаноски.

(ВИДЕО) Џафери се спаси благодарение на пратениците од власта

На почеток