Денеска градинките ги затворија вратите за дечињата кои немаат примено МРП вакцина. Ова е причина родителите да ги вакцинираат своите деца. До поплднево околу 370 деца ја примија вакцината МРП.
Инаку министертсвото за здравство прогласи епедимија на морбили на територија на град Скопје. Прстот го нсочи кон антивакциналните кампањи, за кои велат дека го земаат данокот.
Според информациите досега, има 19 заболени, од кои 13 се веќе докажани, а шест се сомнителни и за нив се уште се чека лабораториска потврда. Сите заразени не се вакцинирани.