Скопје

Кабел го предизвикал синоќешниот пожар во Јавното стамбено претпријатие

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор излезе со соопштение по синоќешниот пожар кој зафати една од бараките на ова претпријатие.

„Во текот на ноќта на локацијата на која е сместено Акционерското друштво за изградба и стопаниување со станбен и деловен простор од значење на Републиката настана пожар при што е причинета незначителна штета предизвикана од електричен кабел. Истиот е локализиран и избегната поголема материјална штета. Голема благодарност за брзата интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, МВР како и екипите на ЕВН“, се вели во соопштението.

Фото: Фактор

На почеток