Свет

Во Украина почина чешки доброволец

Министерот за надворешни работи на Чешката Република Јан Липевски соопшти дека во Украина е убиен чешки државјанин кој се борел на страната на украинската војска, објави чешкиот весник.

– Можам да потврдам дека еден чешки државјанин починал во Украина, дека тоа се случило во регионот на Доњецк – изјави Липевски.

Според него, во петокот во Донбас во борби со руската војска загинал еден маж.

Според достапните информации, ова е првиот чешки доброволец кој им се приклучил на украинските вооружени сили. Чешката телевизија јави дека доброволецот бил убиен од минофрлачка граната, пренесува Интерфакс Украина.

На 11 мај чешкиот претседател Милош Земан дозволи 100 чешки доброволци да се приклучат на украинската армија.

На почеток