Актуелно

Британско разузнавање: Русите го контролираат поголемиот дел од Северен Доњецк

Британското Министерство за одбрана објави нов извештај од своето разузнавање за ситуацијата во Украина. Во новиот извештај се наведува дека по повеќе од еден месец тешки борби, руските сили го контролираат поголемиот дел од Северен Доњецк.

„Руската тактика на урбана војна, која се потпира на широката употреба на артилерија, создаде голема колатерална штета низ градот“, се вели во извештајот.

Тие велат дека дел од украинските вооружени сили заедно со неколку стотици цивили се во подземни бункери во хемиската фабрика Азот.

„Руските сили најверојатно ќе бидат фиксирани во и околу Азот, додека украинските борци можат да преживеат под земја. Ова веројатно привремено ќе ја спречи Русија да ја пренасочи својата војска на друго место“, велат тие.

Тие заклучуваат дека тешко дека Русија очекувала толку силен отпор, односно толку долготраен и исцрпувачки конфликт.

На почеток