Актуелно

Руски амбасадор: Недозволива е идејата да се започне „нов Нирнбершки процес“ против руските војници

Руската амбасада во САД ја оцени како недозволива идејата дека треба да се започне „нов Нирнбершки процес“ против руските војници кои учествуваат во војната во Украина.

„Сметаме дека се недозволиви какви било шпекулации за организирање „ново Нирнбершкo судење“ против руски војници, наводно одговорни за злосторства во Украина“, објави официјалниот канал на амбасадата на Телеграм.

Руската амбасада додаде дека руската армија „ги брани цивилите во Донбас од нацистите“, кои имаат поддршка од САД и европските земји.

На 24 февруари Русија започна, како што ја нарекува Москва, специјална воена операција во Украина.

На почеток