Македонија

Речиси изедначени социјалната помош и минималната плата

Владата речиси ги изедначи социјалната помош и мининалната плата. Ако минималната плата е 12.000 денари, социјалната помош од 1 ви јануари стигна до 11.700 денари.

Со ова се доведува во прашање праведноста и мотивот за работа , ако се знае дека голем број работници во приватни текстилни фирми работат за минималец.

Па според тоа, четириричлено семејство, со едно работонеспособно лице ќе добива 11.700 денари, а семејство со двајца возрасни и две деца 10.600 денари.

„За повеќе од 70 отсто на корисниците на социјална помош зголемувањето е повеќе од 300 отсто или трипати повеќе од тоа што го добиваат сега. Започнуваме темелни реформи во ситемот на социјална и детска заштита. Се зголемува социјална парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да се усогласи паричниот надоместок што го дава државата со потребите на граѓаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштија“, рече Заев.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека и годинава ќе се зголеми минималната плата во земјава.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток