Свет

Британија: Богатите и деловните луѓе масовно ја напуштаат Русија

Министерството за одбрана на Велика Британија во својата нова разузнавачка проценка за ситуацијата на теренот во Украина и Русија објави дека скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската бизнис елита и заедницата, пренесува Ројтерс.

Илјадници милионери во моментов се обидуваат да ја напуштат Русија, а продолжувањето на заминувањето на нејзината деловна и олигархиска заедница веројатно ќе ја зголеми долгорочната штета што војната веќе и ја нанесе на нејзината економија, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

„Апликациите за преселување сугерираат дека 15.000 руски милионери веројатно веќе се обидуваат да заминат“, се вели во извештајот на Министерството, пренесува Ројтерс.

На почеток