Магазин

TikTok: Facebook сака да ве поврзе, ние само сакаме да ве забавуваме

Како гиганти во сегментот на социјалните медиуми, Facebook и TiKTok често се мета на споредби. Сепак, иако Facebook во моментов инвестира многу пари за да ги направи своите функции и понуди слични на ривалската платформа, TikTok вели дека нема намера да стане како Facebook.

Блејк Чендли, претседател на глобални деловни решенија во TikTok, истакна дека постојат јасни разлики меѓу двете компании. “Фејсбук е социјална мрежа. Тие ги создадоа своите алгоритми врз основа на социјалната слика. Тоа е нивна главна надлежност. Но не и наша. Ние сме платформа за забава. Разликата е значајна и голема”, вели Чендли.

Чендли е особено компетентен да каже вакво нешто, со оглед на тоа што 12 години беше еден од директорите на Фејсбук.

„Ние сме многу добри во она што го правиме. Ги носиме овие културни трендови и уникатни искуства што луѓето ги имаат на TikTok. Тие сигурно нема да ги имаат на Facebook, освен ако таа платформа целосно не ги отфрли нејзините социјални вредности, што не верувам дека ќе го направи”, вели тој.

На почеток