Коментари

За Љубе бев непријател бр 1, Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска, кога имаш принципи вратите ти се затворени, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.

„Бранко не ме сакаше за Народен правобранител.
Љубе ме нарече непријател бр 1.
Бучко не ме сакаше за член на Изборна.
Груевски не ме сакаше за член на антидискриминаторска.
Заев не ме сакаше за член на Комисија за реформа на судството.
Кога имаш принципи сите врати ти се ширум затворени.
Велат сум се менувала со промената на власта.
Не се менувам јас и не ги менувам јас вредностите и принципите.
Се менуваат тие кои се на власт.
И штом ќе дојдат на власт не им се допаѓаат моите принципи и вредностите кои ги застапувам“, вели Најчевска.

На почеток