Во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација по потпишувње на договор меѓу ЕБРД и ЕЛЕМ за фотонапонска електрана Осломеј, премиерот истакна:
„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа година. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции“, истакна премиерот одговрајќи на новинарско прашање.
Што се однесува пак до најавата за зголемување на минималната плата, премиерот истакна дека целата постапка ќе биде транспарентна.
„Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката“, изјави Заев.