Македонија

Анкета на Факултети.мк : 83,7 отсто од граѓаните би се отселиле од Македонија

Резултатите од направената анкета на тема „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија?“ реализирана од порталот Факултети.мк покажуваат дека дури 83,7 отсто од испитаниците би заминале од Македонија кога би имале шанса.

Во анкетата која била отворена пред две недели, на прашалникот анонимно одговарале вкупно 1.474 читатели.

На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговориле 1.491 читател, а од нив дури 1.234 (83,7 отсто) одговориле со „да“, 123 (8,3 отсто) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9 отсто) би останале во Македонија.

Според направената анкета испитаниците би се преселиле во Германија, Австралија, Канада, Франција, Холандија, Данска, Австрија, Скандинавија, Швајцарија, Словенија, Нов Зеланд, Шведска, САД, Англија.

На прашањето „Зошто би заминале?“ одговориле 1.054 читатели. Најчестиот кус одговор е „за подобар живот“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток