Трамп: „Ништо нема да ме спречи повторно да се кандидирам за претседател“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ништо нема да го спречи повторно да се кандидира за претседателските избори во 2024 година.
„Ништо нема да ме спречи. Треба повторно да ја зајакнеме нашата земја, која отиде по ѓаволите. Работите брзо се влошија. Ја сакам нашата земја и ќе го направам она што е правилно за неа“, изјави Трамп за Newsmax како одговор на новинарско прашање за тоа што може да го спречи да се кандидира.
Според анкетите минатата недела, повеќето Американци се подготвени да гласаат за поранешниот американски претседател.
На прашањето кога би гласале доколку изборите се одржат тој ден, 42 отсто изразиле поддршка за актуелниот претседател Џозеф Бајден, а 44 отсто за Трамп.