Кирил Петков пред расправата за недоверба: Оптимист сум
Од
Објавено на
„Јас сум оптимист“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите на влезот во Народното собрание.
На прашањето што го прави оптимист, премиерот рече – луѓе од надвор.
Запрашан какви аргументи ќе и даде на опозицијата, тој рече „ќе ги слушнете“.
Премиерот и лидер на „Продолжуваме да се менуваме“ одби да коментира подетално пред денешната расправа за барањата на опозицијата за гласање недоверба на Владата.