Коментари

„Шекеринска купила куќа на Орце Николов, па сега за невестата да има паркинг СДСМ им ја дале цела улица на станарите“, вели Јоци

Прво нивниот Жерновски фактурираше 1,5 милиони евра за камчиња на Боемска 1 и 2, еден куп отворија таму кафичи и кафани, се создаде цела бизнис зона, а сега СДСМ им ја дал цееееела Орце Николов на станарите (која ја обновија лани), онаму каде паркираа муштериите, вели Јорданка Ивановска Јоци.

„Зошто? Претпоставувам пошто Радмила Шекеринска купи семејна куќа на Орце Николов, а се зборува и за други недвижнини на улицава, па да има невестата паркинг и да не се ремети женичкава од простото гласачко тело. Кафанџииве сега нек затворат бизнисите слободно! Пошто немаат очито храброст да им се наебат сè на сељачиштава од СДСМ. Без паркинг простор, стварно не знам кој ќе им доаѓа…“, стои во објавата.

Инаку, денес јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на општина Центар-Скопје информираше дека е воведено резидентно паркирање на ул. Орце Николов во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови.

На почеток