Димовски: Радев и Борисов го поддржуваат францускиот предлог, тоа се нови негации на нацијата и јазикот


Илија Димовски смета дека францускиот прелог за Македонија е катастрофален. Според него, на тоа укажува и фактот што е поддржан од Румен Радев и Бојко Борисов.
„Веќе работата е чиста… За да се стопира овој предлог, кој ќе значи затворање на европската перспектива на Македонија и отварање на нови негации на македонската нација, јазик и достоинство, единствено нашите државни органи може да постапат… Владата, итно, денес, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Република Македонија… Доколку Владата превземала обврски спрема меѓународните партнери и не е во можност да го направи тоа, веднаш, без одлагање да побара Собранието да се произнесе и да го одбие овој предлог…
Доколку државните органи на Македонија не го направат тоа, веќе и формално ќе е јасно дека нашата држава се согласила на идната национална и државна катастрофа…. П.С. Доста со лажните изговори дека немаат предлог, не го знаат или дека не биле вклучени..“, вели Димовски.
