Коментари

Францускиот предлог е како пред натпревар да потпишеш договор дека другата страна може да внесува правила за да има предност, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска даде свое мислење како гледа на францускиот предлог. Нејзиниот коментар е исполнет со критики. Таа додава: „Дали некој од македонските политичари во власта ќе каже дека вака како што е формулиран предлогот кој доаѓа од Франција не е добар и ја поставува Македонија уште на почетокот во подредена позиција во процес кој треба да ја направи рамноправен член на една структура?“

„Како гледам јас на францускиот предлог? Влегуваш во натпревар пред кој потпишуваш договор дека другата страна има право да внесе правила на игра кои и даваат предност од 5 гола, во текот на играта другата страна може да ги менува правилата на игра и цело време ќе супервизира како се спроведуваат овие промени и ако не е задоволна може да го прекине натпреварот и да добие бодови за победа“, вели Најчевска.

На почеток