На ѕидот на сообраќајниот срам граѓани објавија важно предупредување.
Според нив, од кога големиот паркинг пред ГТЦ кај Холидеј Ин е бесплатен, станал примамлив за многу локални измамници и криминалци. Во објавата уште стои дека на диво било изградена автоперална, а измамниците стоеле на самиот влез на паркингот облечени со фалсикувани жолти елеци и ги стопирале возилата.
При тоа лажно се претставувале дека се од паркинг на град Скопје, а по тоа лажеле дека на паркнгот нема место.
По ова, ги принудувале граѓаните да ја остават колата на миење во нивната перална и дека откако ќе им ја измијат ќе им ја паркираат на државен простор веднаш пералната.
Во објавата граѓаните уште апелираат УЈП да излези на терен , и да провери зошто за миење автомобил не се дава фискална сметка.