„Има еден убав збор – махинациja“, вели Захарова


Процесот на доделување статус на Молдавија и Украина за влез во ЕУ изгледа како махинација, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
„Постои еден убав збор – махинациja. Тогаш многу одлуки донесени од западните општества се повеќе како намерни чекори, но комбинација на деструктивен и провокативен карактер“, изјави Захарова за Спутник.
Претходно Европската комисија официјално објави дека препорачала Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус како симболичен чекор на долгиот пат до членство во Европската унија. Одлуката ќе ја донесат лидерите на Европската унија 23-24. јуни.
Одлуката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Украина ја коментираше првиот заменик комитет на Државната дума за меѓународни прашања, Вјачеслав Никонов.
Тој изјави дека тоа е само препорака и дека постои можност Украина да не доживее членство во ЕУ, бидејќи Турција е кандидат од 1999 година.
