Актуелно

По три неуспешни обиди за собирање кворум: Затворена седницата на бугарското Собрание за избор на претседател

Националното собрание на Бугарија по три обиди не успеа да собере кворум за седницата во среда. Според програмата, седницата требаше да започне во 09.00 часот. Треба да се избере нов в.д. претседател на Собранието. Причина за немањето кворум е што не се пријавија пратениците од ГЕРБ, МРФ, ИТН и Вазраждане.

За време на паузата, лидерот на „Вазраждане“ Костадин Костадинов рече дека партиските пратеници нема да влезат во салата. Тие инсистираат прво да се изгласа недоверба на кабинетот на Петков. Според процедурата, тоа треба да се случи до 19.10 часот – точно 24 часа по завршувањето на дебатите во вторник.

„Владејачката опозиција ја бојкотира седницата на Народното собрание. Минатата недела тие бараа избор на нов претседател на Собранието, но денеска се против оваа точка бидејќи тоа би довело до тензии во јавноста. Не исклучувам дека денеска нема да се одржи собраниска седница“. Ова го изјави копретседателот на „Демократска Бугарија“, Атанас Атанасов.

Следната редовна седница на Собранието ќе се одржи во четврток во 09.00 часот.

На почеток