„Епа, вака дечки … уххх“, вака започнува статусот на Марјан Петровски, дечко кој сака да му помогне на лице кое случјно го затекнал како пешачи на автопат.
Ова е чичко Трајче, 48 годишен. Чичко Трајче случајно го најдов на улица, стопираше н автопат и го качив бидејќи беше доста ладно. Неговата приказна не е баш убава… Тој живее сам, нема синови, ќерки, внуци.. живеел со неговата мајка која починала… Патува од градче во градче и моли за да работи Било каква работичка за да може да се прехрани и да има каде да спие (нема каде да спие).
Нема алишта нема ништо… Им само топло срце кое е жедно за живот.
Сега јас ве замолувам да го споделиме постов и да му помогнеме … на било каков начин . (Се што имате пишете ми јавете ми се , затоа што тој комуницита со мене ), напиша на својот фејсбук профил Марјан Петровски.