Пендаровски утре ќе го додели признанието „Инженерски прстен“
Од
Објавено на
Претседателот Стево Пендаровски, утре – 23.06.2022 година, четврток, на церемонија која ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, ќе се обрати и ќе го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Северна Македонија.
Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија.