Магазин

Твитер го потврди тестирањето на новата функција за објавување подолги содржини

Twitter тестира нова функција за објавување подолг формат, која ќе се вика Twitter Notes. Функцијата моментално се тестира од избран број корисници во неколку земји.

Популарната платформа покажа и во неколку GIF-а како ќе функционира Twitter Notes. Корисниците можат да кликнат на табулаторот „Write“ за да почнат да пишуваат, а потоа Notes може да се вметнат во нивниот твит кога ќе завршат. Неколку корисници веќе објавија Notes на платформата, кои се прикажани во долг формат и можат да содржат твитови, видеа и фотографии.

Додавањето долг формат за пишување објави може многу да ја промени целта на платформата. Twitter одамна е познат како сервис за микро блогирање, односно објавување кратки содржини. На почетокот, твитовите можеа да имаат должина од само 140 знаци, а во текот на 2017 година тоа ќе се удвои на 280 знаци.

Од друга страна, Твитер е веќе полн со содржина која има подолг текст, без разлика дали е во формат на нишки, или повеќе твитови или во форма на слики од содржината.

На почеток