Актуелно

Околу 2.600 лица го гасат пожарот во близина на Мармарис

Пожарникарите се уште од копно и од воздух се борат со пожарот на југозападот на Турција во близина на познатото турско летувалиште Мармарис.

На снимката се гледа чад од ридот и возила со полициски водени топови им помагаат на пожарникарите додека пожарот се шири низ шумата во ретко населената област, наведува британската агенција.

Во текот на вчерашниот ден пожарот од воздух го гаснеа хеликоптери и авиони, а властите најавија дека ќе се вратат денеска по пауза во текот на ноќта.

Турската управа за шумарство соопшти дека денеска во гаснењето на пожарот ќе бидат вклучени 27 хеликоптери и 14 авиони.

Се уште не се познати причините за пожарот што избувнал околу 20 часот во вторникот.

„Утринава констатиравме дека пожарот е во голема мера под контрола, но засилувањето на ветерот и зголемувањето на температурата доведоа до повторно ширење на пожарот“, изјави во средата министерот за шумарство Вахит Кириши.

Тој изјави дека досега се евакуирани 150 лица од околу 50 куќи во околината на одморалиштето Мармарис, а на локализирање на пожарот работат околу 2.600 лица.

На почеток