Актуелно

Пленковиќ: Хрватска ја поддржа Украина затоа што беше жртва на агресија

Зборувајќи за Украина, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во својот говор на пленарната седница на Европските народни партии ја спомена и српската агресија.

„Руската брутална агресија против Украина ги уништи сите принципи на меѓународното право и сите основни принципи кои ги градевме со децении. Земја-членка на ОН, суверена земја, соседна земја трпи брутална агресија“, рече Пленковиќ.

Тој тогаш изјави дека и Хрватска била жртва на бруталната агресија на режимот на Милошевиќ на „Голема Србија“ на почетокот на 90-тите години и затоа Хрватска многу добро разбира што се случува во Украина.

– Бидејќи сме земја жртва на агресијата на режимот на Слободан Милошевиќ, поддршката на владата и хрватскиот народ до Украинците стигна многу брзо, речиси рефлексно – рече Пленковиќ.

Хрватскиот премиер посочи дека Западот и пружил „неверојатна помош“ на Украина и дека има „меѓународна мобилизација“ за Украина.

– Тоа го кажувам како некој од земја која исто така била жртва на агресија. Во 1990-тите, не само што не видовме таква мобилизација на меѓународната заедница, туку моравме да се браниме под ембаргото на ОН за увоз на оружје“, рече тој.

На почеток