Попладнево во главниот град се одржа протест против присилната вакцинација против МРП. Голем број граѓани не се сложуваат со одлуката на Mинистрството за здравство, дека некој друг може да одлучи за нивните деца. Родителите велат дека не веруваат во квалитетот на вакцините, а голем дел од нив ако веќе мора да бираат помеѓу кривична пријава и вакцина, избираат да ја платат казната, затоа што како што велат ниту една парична казна не е голема во споредба со здравјето на децата.
Најголем дел од родителите се вознемирени поради вакцинацијата, велат дека читале дека во повеќето случаи оваа вакцина предизвикува аутизам кај децата.
Од друга страна педијатрите смируваат и велат дека вакцините се исправни и дека мора да се примат.
Се наметнува прашањето дали смее Владата радикално да постапува и да забранува запишување во градинка и основно образование, кога образованието во основно и средно според законите во Р. Македонија е задолжително.
Министерство за здравство информира дека во текот на вчерашниот и денешниот ден вакцинирани се вкупно 990 деца со МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).
Од друга страна на 4 февруари годинава ќе се отворат понудите по тендерот на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации на населението во Република Македонија за периодот јуни 2018 – јуни 2020 година.
Станува збор за јавна набавка за која тендерот беше распишан на 21 декември, минатата година. Проценетатата вредност на тендерот е 661.025.466 денари или околу 10,7 милиони евра, а критериум за доделување на договорот е најниската цена.