Свет

Српската црква ја напушта Вселенската патријашрија

Митрополитот црногорско – приморски Амфилохије, порача дека автокефалноста на православната црква во Украина нема да влијае на статусот во Црна Гора, но и дека по најновите одлуки на Црнгорската патријаршија, Вселенската патријаршија за Српската православна црква „аспослутно повеќе не е“ врховна црковна власт.

Митрополитот во интервју за Вјести ТВ, рече дека при неодамнешна средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј, му ги соопштил одлуките на Црковниот Собор на СПЦ, кој не се согласува со неговите одлуки да и даде автокефалност на Украинската црква.

„Токму поради тоа, нашата црква, но и многу други птријаршии не прифаќаат таков став, јас тоа отворено му го кажав. Се надевам дека многу теолози во Грција и архиереи се против тоа и против неговото однесување“, рече митрополитот.

Запрашан дали овој указ може да влијае на статсот на црквата во Црна Гора, Амфилохије истакна дека тоа нема „апслутно никаква врска со статусот на црквата во Црка Гора“.

„Друго е прашањето за независна Црна Гора, а друго е за автокефална црква“, нагласи митрополитот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток