(ФОТО) Замрзнато младенче мамут пронајдено во Канада
Младенче од мамут е пронајдено во вечниот мраз во северозападна Канада, што е прво вакво откритие на територијата на Северна Америка.
Се претпоставува дека мумифицираниот мамут од леденото доба е стар повеќе од 30.000 години. Откриен е од рудари во областа Клондајк на канадската територија Јукон.
Претставниците на Јукон го споредија откритието со она во Сибир во 2007 година, кога руските експерти открија младенче од мамут.
Канадските научници велат дека ова се „најкомплетните остатоци од мамути пронајдени во Северна Америка“ и само второ такво откритие во светот.
Младенчето го добило името Нун Чо Га на ханскиот јазик што го зборува локалното домородно население.
„Нун Чо Га е прекрасна и едно од најдобро зачуваните животни од леденото доба откриени досега“, вели палеонтологот Грант Зазула.
По големина е сличен на сибирскиот мамут Љуба, пронајден во 2007 година, кој живеел пред околу 42.000 години.
Being part of the recovery of Nun cho ga, the baby woolly mammoth found in the permafrost in the Klondike this week (on Solstice and Indigenous Peoples’ Day!), was the most exciting scientific thing I have ever been part of, bar none. https://t.co/WnGoSo8hPk pic.twitter.com/JLD0isNk8Y
— Prof Dan Shugar (@WaterSHEDLab) June 24, 2022