„Рускиот фудбал е во кома“, вели Салихова
Од
Објавено на
Рускиот спорт е под голем удар поради руската инвазија на Украина.
Руските спортисти беа исфрлени од најголемите натпреварувања, а рускиот фудбал е особено во пад бидејќи репрезентацијата остана без Мундијалот, а клубовите без европските натпреварувања, па повеќето странски фудбалери ја напуштија руската лига.
„Рускиот фудбал е во кома“, изјави Зарема Салихова, сопругата на сопственикот на московски Спартак, откако Ашот Качатуран поднесе оставка како прв човек на руската лига.