Каевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Нервозни сте затоа што немате поддршка од граѓаните, а правдата чука на Белиот дворец


Секогаш кога во Собранието се наоѓаат закони за правосудството, вие колеги од ВМРО-ДПМНЕ сте нервозни и правите провокации, така се однесувате овие два дена, тоа го правевте и кога се носеше Законот за јавно обвинителство, тоа го правевте и кога во постапка влезе Законот за Академија за судии и јавни обвинители, порача пратеникот Дарко Каевски на денешната собраниска седница.
„Сакате да ја успорите правдата, тоа е така затоа што голем број случаи ви тропаат на врата, како случајот „талир 2“ каде што треба да се одземе вашето партиско седиште. Тоа е така и за „Делчевските ниви“ кои се тесно поврзани и доаѓаат до релации до раководството на ВМРО-ДПМНЕ.“ посочи Каевски.
Пратеникот Каевски истакна дека датумите 24 декември и 27 април се најголемиот пораз на демократијата, кога ВМРО-ДПМНЕ директно помагале да се наруши демократијата.
„Нервозни сте, затоа што протестот ви издиша, затоа што немате поддршка на граѓаните, затоа што правдата чука на белиот дворец и затоа продолжувате со блокади и провокации во Собранието“ заклучи Каевски, повикувајќи ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да работат за граѓаните а не да ги следат инструкциите од Белиот дворец.
