(ВИДЕО) „Ќе падне Џафери, но и Заев, Таче и Ахмети“, вели Јаулески
Падот на владата е почнат! Ќе падне и Талат Џафери, ќе падне и Зоран Заев, ќе падне и Таче, ќе падне и Али Ахмети, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
„Мојот говор на денешната собраниска седница, на која се разгледуваше интерпелацијата на Талат Џафери, кој ја извршува функцијата претседател на истото Собрание.
Извршувањето на таа функција претставува огромна чест но и одговорност пред пратениците, пред Собранието но и пред целата македонска јавност. Но, тоа не е случај и за овој претстедател. Истиот овој Талат не го почитува Деловникот за работа, Устав, кодекси, не ги почитува вработените во јавната служба и се однесува како Собранието да е пазар. Јас знам дека пратениците од власта нема да гласаат за разрешување на Талат Џафери, бидејќи тие без ДУИ се како невеста без младоженец. Односно, без ДУИ тие нема да се власт и ќе направат се за Талат да остане претседател.
Јавноста беше шокирана од навредите и пцостите кои Џафери ги упати кон собраниските служби, луѓе кои чесно си ја работат својата работа. Како да се наоѓа на својот имот во Форино, а не во институција Собрание.
За тоа, Џафери не почуствува потреба да се извини, а пратениците на СДС ниту виделе, ниту пак чуле.
Да биде лудоста уште поголема, денес во очи на оваа интерпелација ни стига конечно решение за наша бугаризација, предлог кој до вчера не постоеше и јас во наредните денови очекувам ние како пратеници да дискутираме по тие предлози.
Ние сме пратеници, ги претставуваме граѓаните а тоа е голема одговорност. Тука се носат закони по која траекторија ќе се движи Македонија во иднина, ова е законодавен дом и така треба да се однесуваме сите, па и вие. А бидејќи ги поминавте сите граници, навистина е време да си одите од таа позиција.
А за сервилноста на пратениците од СДС не сакам ниту да зборувам, тие ќе премолчат се бидејќи се плашат да не им падне владата.
А ќе падне!
Ќе падне затоа што граѓаните го бараат тоа. Ќе падне затоа што Талат Џафери нема почит кон Деловникот, Уставот и законите во Македонија, ќе падне поради тоа што пратениците на СДС и ДУИ тука се само гласачка машинерија.
Ќе падне поради инфлацијата, поради растот на трошоците за живот, поради енормниот криминал и корупција, националните понижувања, поради неспособноста да се справите со кризите, грешките во образованието
Падот на владата е почнат!
Ќе паднете и вие, Талат Џафери, ќе падне и Зоран Заев, ќе падне и Таче, ќе падне и Али Ахмети!
Кога ќе дојдат изборите граѓаните на Македонија ќе ви покажат дека заврши вашето време и вашата диктатура“, додава тој.