(ФОТО) Три километри колона на македонско-српската граница: Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени
Од
Објавено на
Колона долга три километри има на македонско-српската граница. Србите чекаат со часови за да влезат, но и да излезат од македонска територија. Најголем дел од нив, одат за Грција, во екот на туристичката сезона. Сликата на границите со Македонија-Грција, за излез од нашата држава, е уште полоша. И таму се чека долго.
„Често има и технички проблеми. Надвор е 40 степени, асфалтот гори, а ние заглавени на граница. Не стотина, туку илјадници автомобили стојат во место. Со деца, со се“, пишуваат Србите кои се жалат за долгите колони.
Скоро секој петок, од јуни па до септември, гужвите на границите се редовна состојба.