Македонија

Мицкоски ги „средил“ односите со проблематичните пратеници

Мицкоски ја говори вистината кога вели дека партијата и пратеничката група се монолитни, бидејќи тој повлече неколку потези со кои го обезбеди тоа и сигурен е дека никој нема да гласа за уставни измени“, тврдат за БИРН високи партиски извори.

„Ова во најголема мера се однесува за пратениците што не се согласуваа со изборот на Мицкоски за партиски претседател, кои не се најдоа во новите структури на партијата и кои подолг период имаа малку заладени односи со нашиот претседател. Тоа отвори еден процеп за разногласие, но претседателот неодамна успеа да стави крај на таквите состојби. Во изминатиот период поединечно ги повикуваше на разговор дел од пратениците за кои беше проценето дека може да бидат ‘проблем’ за партијата, искажувајќи дека му е битно нивното мислење за актуелните состојби, дека смета на нив, односно дека повторно ќе се најдат на кандидатски листи на избори на кои партијата ќе учествува. Со тоа е затворена опасноста дека некој од нив ќе гласа за уставни измени“, објаснуваат изворите на БИРН.

Тие не сакаат да шпекулираат кои од пратениците се „обезбедени“ со ветување за нови пратенички кандидатури (некои и нешто повеќе од тоа), со цел да не се предизвикува незадоволство кај досега „лојалните“, кои автоматски би се почувствувале како помалку важни или „пуштени низ вода“.

Но, сепак ги потврдуваат нашите сознанија дека „најмалку двајца од пратениците со подолг пратенички стаж сега му јадат од рака на Мицкоски“.

За разлика од нив, други пратеници не сакаат јавно да го соопштат нивниот став, како што велат, за да не си предизвикаат дополнителни непријатности, покрај оние што веќе ги трпат. Но, признаваат дека забележале пресврт во однесувањето на дел од нивните колеги.

„Да, слушам дека на некои им било ветено нешто, немам информации, но забележувам дека некои го сменија однесувањето. Генерално, има пратеници кои навистина би сакале да го поддржат Договорот и да гласаат за уставни промени, но најверојатно нема да го сторат тоа поради невидени закани и предупредувања за она што би можело да им се случи ако гласаат ‘за’. Едно е желбата, друго е реалноста. Пратеничката група е поделена, а во моментов е контролирана од закани и страв. Има толку притисоци, што не верувам дека некој ќе се дрзне да гласа за уставни промени. Има закани за секој изречен збор на социјалните мрежи, а да не зборувам дека заканувачите не се воздржуваат од ‘поздрави’ и дo пошироките семејства на секој што има поинаков став од партискиот, при што дури ни децата не се поштедени“, вели еден пратеник.

Тој со жалење констатира дека улогата на народните избраници е целосно девалвирана, а нивниот став целосно условен од реперкусии по животот и безбедноста. Уверен е дека во ваква ситуација единствена опција се нови избори, но нема информации дали партијата ќе учествува на нив, или ќе се определи за бојкот и за натамошни условувања на целиот процес.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да попушти. Во игра се многу интереси, од кои ниту еден не е поврзан со прашањата за ЕУ и НАТО. И се лажат тие што сметаат дека Македонија повеќе не е заробена држава. Таа е сѐ уште заробена, исто како и ВМРО-ДПМНЕ, која остана партија заробена од старата политика и од старото раководство. Заев не успеа да го демонтира тој систем, бидејќи ниту во СДСМ, ни во земјата не спроведе реформски чекори за да покаже разлика, и сега се соочува со сите штетни последици и тоа на најважното прашање за државата“, вели истиот опозициски пратеник.

Целиот текст на БИРН на следниот линк.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток