Бачев за Пендаровски: Имам да му кажам нешто во четири очи, потоа некој деифинитивно ќе биде на патос
На вчерашната прес конференција претседателот на Македонија, Стево Пендаровски изјави дека ако Апасиев треба нешто да му каже тоа треба да го направи во очи. На ова реагираше лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев кој вели дека и тој има да му каже нешто во четири очи.
„Се сложувам со Пендаровски дека не е добро да се пцуе почината мајка, но, младиот Димче го направи тоа, нели, со младоста оди лудоста!
Но, поентата ми е, Стевче вели дека Димче требало да го опсуе во четири очи и во таков случај ќе имал последици, или народски кажано, ќе го здрвел од ќотек. Еве јас имам да му кажам на Стевче во четири очи за мојата лична болка со неговото рушење на мојата втора мајка – Македонија. Нека повели Стевче ако има нешто меѓу нозете, кога сака и каде сака во четири очи. Потоа некој #дефинитивно ќе биде на патос“, вели Бачев.