Магазин

Цеца проговори по нападот на нејзината куќа

Припадниците на Министерството завнатрешни работи во Блеград идентификувале две личности за кои постои сомнение дека на 30 септември со возило удриле во куќата во која живее познатата пејачка Светлана Ражнатовиќ.

Поради сомнение дека извршиле кривично дело насилничко однесување за осомничените Н. А. (32) и С.М. (30) е распишана потера. Н.А. и е познат на полицијата по бројните кривични дела кои ги има извршено.

„Мило ми е што полицијата експресно ја исврши својата работа и за кратко време го дознаа идентитетот. Се надевам дека наскоро ќе бидат приведени и дека ќе се откријат причините за таквото насилничко однесувње и загрозувањето на безбедноста на едно семејство. Не ги познавам тие луѓе, никогаш не сум слушнала за нив. Очекувам дека полицијата ќе ме извести што се случува и зошто тоа го направиле“, вели Цеца за Телеграф.

Фолк ѕвездата против напаѓачите ќе поднесе кривични пријави, со цел да го заштити своето семејство, бидејќи нема причина да живее во страв.

„Јас не живеам во страв во својот град и во својата земја. Ниту имам причина за страв, ниту се плашам од некој. Ова е еден кукавички чин. Животот иде понатаму, полицијата ќе  ја изврши својата работа, верувам во нашите институции. Ова мора да се запре, ова не е дивиот запад“, вели познатата пејачка.

На почеток