„Се што правеше/прави МВР е да се уништат протестите, вечер уште помасовно“, вели Димовски
По вчерашниот протест на социјалните мрежи се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој вели дека ако МВР имале информации за групи кои сакале со насилство да учествуваат, зошто не ги стопирале.
„Ако МВР имаше/има информации за групи кои сакаат со насилство да учествуваат во протести, зошто не ги стопираше/стопира?
На тој начин МВР ќе им обезбедеше/обезбеди на илјадници граѓани мирно, достоинствено и искрено учество во протестите (што е уставно право) против политиката на Владата за прифаќање на катастрофалниот предлог…
Ама не, се што правеше/прави МВР е да се уништат протестите…
Провидно…
Вечер уште повеќе, уште помасовно и достоинствено…“, вели Димовски