Магазин

Џони Деп донираше пари во болницата на која Херд вети дека ќе и помогне

Џони Деп ги донираше парите што ги заработи од продажбата на дигитални незаменливи токени (NFT) во болницата на која Амбер Херд вети дека ќе и помогне.

Деп заработил речиси 800.000 долари. Тој ги донирал на Детската клиника во Перт, Фондацијата за детска клиника на улицата „Грејт Ормонд“, Коалицијата „Футпринт“ и Детската болница во Лос Анџелес.

„Ние сме им благодарни на сите што решија да учествуваат во оваа кампања. Ова е една од најголемите продажби на NFT досега. Се радуваме на идните успеси“, објави организацијата на Деп, „Не плаши се од вистината“ на Твитер.

Инаку, Амбер Херд претходно изјави дека седум милиони долари, кои ги добила како порамнување за разводот од Џони, ќе донира на Детската болница во Лос Анџелес и Американската унија за граѓански слободи. Сепак, таа никогаш не го исполни своето ветување.

Во текот на судењето, адвокатката на Деп, Камила Васкез праша дали се точни информациите дека не ги дала парите.

„Сè уште не сум го направила тоа, иако морам да истакнам дека сум им помогнала и на други начини. Кога ќе купиш куќа, не ја плаќаш одеднаш, ја отплаќаш на рати“, одговори Амбер Херд.

На почеток