Во БиХ уапсен син на нарко бос
Специјалните единици на МУП на БиХ вчера уапсија седум лица на подрачјето на Сараево и Неум, меѓу кои и Елвис Кељменди, син на наркобосот Насер Кељменди.
Покрај Кељменди, во Сараево и Неум беа уапсени Ајлин Ахмиќ и Анел Сејфовиќ и уште четири лица.
Акцијата во која учествуваат специјалните единици на МУП на кантонот Сараево и Мостар-Неретва е спроведена под надзор на Обвинителството на БиХ, по налог на државниот суд.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека е спроведена акција под кодно име „Рез“, чија цел била лоцирање и апсење на одредени лица кои се поврзани со повеќе кривични дела.
Се претресуваат повеќе објекти и транспортни средства со цел прибирање материјални докази“, се наведува во соопштението.
Од МУП на кантонот Сараево изјавија дека три лица се уапсени во Неум, а четири во Сараево, но дека не можат да дадат повеќе детали, бидејќи акцијата се уште е во тек.