Скопје

Претрес во кампот пред Собрание: Со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите

Претрес се правел пред Собрание, на лицата кои кампуваат на улицата. Ова го обелодени Саше Јанчев, активист на Левица.

„Со полициски кучиња правеле претрес во кампот пред Собрание кај шо се активистите на Левица и Црвена младина. Тресете, тресете. Иде ден кога овие младинци ќе ве треснат од земја ко партал! Кој последен се тресе, најјако се тресе“, напиша Јанчев.

Шаторите пред Собранието се поставени вчера, по протестот. Денеска од 12 часот започнува нов протест.

Реакција имаше и од Левица:

Безбедносните структури утрово, околу 06:00 часот упаднаа во кампот пред Собранието на Република Македонија, каде што кампуваат активисти на Левица, а воедно голем дел од нив се членови на Црвена Младина.

Без никакво предупредување и со дрско однесување правеа претрес со кучиња и ги испразнија шаторите на камперите, кои мирно и достоинство кампуваат од синоќа.

Истовремено, бевме сведоци како истите структури пред неколку денови дозволија вперување на пиштоли кон граѓаните кои мирно протестираа, каде целосно изостана нивната реакција.

Неуспешни се сите обиди за заплашување на министерот Оливер Спасовски да внесе страв меѓу граѓаните.

Денес, во 12:00 часот, ќе упатиме гласно НЕ до сите пратеници и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен!

На почеток