Македонија

Урсула со војната и пандемијата ги убедува пратениците да го прифатат францускиот предлог.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги убедува пратениците да го прифатат францускиот предлог.

Некои велат дека е подобро нов договор отколку овој на Франција. Ваше право е тоа. Но размислете колку се обидувавме да дојдеме до овде. Ве охрабрувам да ја искористите оваа можност. Со отворањето на оваа врата сега, С. Македонија се зајакнува што ќе биде дел од преговарачкиот процес, е имате придобивки. Јас имам деца, некои имаат внуци и сите заедно сакаме едно нешто и споделуваме еден сон: Еден ден да погледнеме наназад и да кажеме дека сите наши деца и внуци се дел од исто европско семејство. Ова е иднината за која одлучувате овде, тука, денес, утре и деновите кои се пред вас. Пратеници, живееме во тешки времиња. Бидејќи пандемијата со Ковид-19 се протега во третата година, нејзините ефекти катастрофално влијаат, руската војна предизвика глобална криза во Украина, растат цените на енергенсите. Се бориме со влошената климатска криза. Ова се предизвици со кои мора да се соочиме. Мора да ги совладаме. Вашата држава дорасна на задачата, стоите цврсто со Унијата, вие сте партнер на доверба, ви благодарам. Заслужувате да се движите напред. Сега е на вас да направите чекор

На почеток