Актуелно

„Цените на црногорското крајбрежје се како на Азурниот брег“, вели Абазовиќ

Црногорскиот премиер изјави дека претсезоната во Црна Гора била многу добра, дека главната сезона малку доцни, но и дека цените се исти како на Азурниот брег.

Дритан Абазовиќ додаде дека финансиските параметри се задоволителни, објави „Вијести“ од Подгорица.

„Ако некој мисли дека може да ја повтори сезоната од минатата година кога шпицот беше неверојатен, бидејќи бевме единствената земја отворена 45 дена, ќе биде тешко да се реализира. Мораме да се прилагодиме на новите трендови. Цените на брегот се како на Азурниот брег, Црна Гора досега не го видела тоа“, рече Абазовиќ.

Како што додаде, задоволен е што многу туристи избираат мир, природа без гужви и патувања на плажите, места каде што воздухот е чист, а температурите не се толку високи.

Абазовиќ се надева дека во втората половина на месецот ќе пристигне поголем бран туристи.

„Мора да знаеме дека цената на водата на крајбрежјето е до четири евра, а пред година и пол беше 1,5 евро, некои куќи на Ада Бојана се издаваа за 50 евра, а сега за 250 евра. Само треба да бидете реални и искрени“, нагласи Абазовиќ.

Според официјалните податоци на Туристичката организација на Будва, од Јаз до Буљарица одмараат 29.707 туристи, што е за петтина помалку од лани во истиот период, пренесува „Вијести“.

На почеток