И Мијалков си ја нареди работата
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење во Охрид.
Мијалков на почетокот на месецов призна вина за случајот „Империја“ и треба да оди три години во затвор. Тоа значи дека тој казната би ја издржувал во затворот во Струга.
По Зоран Милески-Кичеец и Јордан Орце Камчев, Мијалков е третиот кој казната ќе ја издржува во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Во тој затвор, може да се користат поволности, а практично, затворениците се враќаат само за преспивање. Користат годишни одмори, преку ден одат на работа, земаат викенди. Сите овие поволности ги овозможува директорот на затворот, кој оценува дали одреден затвореник исполнува услови.
Мијалков се спогоди со „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и освен казната затвор му се одзема и имот вреден над 30 милиони евра. Мијалков е виновен за злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање имот.