Свет

Трета оставка на висок функционер во Пентагон

Кевин Свини, шеф на персоналот на Пентагон, поднесе оставка само неколку недели откако од функцијата се повлече министерот за одбрана, Џим Матис.

“По две години во Пентагон, решив дека е вистинско време да се вратам на приватниот сектор”, вели Свини, кој стапи на функцијата во јануари 2017 година.

Американските медиуми објавуваат дека оставката на министерот Матис следуваше по ненадејната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги повлече сите војници од Сирија, како и половина од 14-тте илјади војници распоредени во Авганистан.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток