Актуелно

Прв случај на мајмунски сипаници кај деца во САД

Соединетите Американски Држави ги потврдија првите случаи на мајмунска сипаница кај децата, соопштија здравствените власти.

Дете во Калифорнија и бебе кое не е државјанин на САД се заразени. Овие два случаи не се поврзани и најверојатно се резултат на пренесување на инфекцијата во семејството, се вели во соопштението на Центарот за контрола и превенција на болести.

На децата засега им оди добро.

Мајмунската сипаница, која предизвикува симптоми слични на грип и осип на кожата, се шири главно со близок контакт, пренесе Телеграф.рс.

На почеток