Русија да го исполни ветувањето од договорот, вели Лиз Трас


Откако Русија и Украина вчера потпишаа договори со Турција и ОН, со кои се отвораат вратите за извоз на украинско жито и руско жито и ѓубриво преку Црното Море, британската министерка за надворешни работи Лиз Трас рече дека одговорноста е на Русија да ги исполни своите ветувања.
Варварската инвазија на Путин на Украина значеше дека некои од најсиромашните и најранливите луѓе во светот се изложени на ризик да немаат што да јадат, вели таа, пренесува Би-би-си.
Британската министерка додава дека од витално значење е украинското жито да стигне до меѓународните пазари за храна.
– Затоа ги поздравуваме напорите на Турција и на генералниот секретар на ОН да посредуваат во овој договор – рече Трас.
Таа посочи дека Велика Британија и нејзините сојузници работеа напорно за да стигнат до оваа точка и сега овој договор мора да се спроведе.
